САД

Се урна голем мост во Балтимор откако во него удри товарен брод

26.03.2024 09:15

Според извештаите на локалните медиуми, големиот брод удрил во мостот околу 1:30 часот по полноќ...

Се урна дел од мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор, во сојузната држава Мериленд откако голем брод удри во него и се запали пред да потоне. Повеќе возила паднаа во реката, властите се обидуваат да спасат најмалку седум лица. 

Според извештаите на локалните медиуми, товарниот брод удрил во мостот околу 1:30 часот по полноќ. Спасувачките напори се во тек под особена внимателност бидејќи и натаму постои опасност од дополнително уривање.

Мостот е изграден во 1977-ма година, долг повеќе од два и пол километри преку кој минува меѓудржавен автопат наречен „Балтиморски појас“.