Тенис

На Виблдон смена на бројчињата 1 и 2

18.06.2014 12:27

Новак Ѓоковиќ светскиот тенисер број два, го има турнирски бројот еден на третото грен слем доживувањ, неговото величество Вимблдон. Планетарно најдобриот пак, Рафаел Надал бројот два ќе го има до своето име на тревнатиот турнир.

Доколку србинот се покаже како поуспешен во Лондон, тогаш веројатноста вака да остане и на свтската скала ќе биде реалност. Моменталната бодовна разлика Надал-Ѓоковиќ е сведена на само 170 во полза на шпанецот.

По најпосакуваниот трофеј меѓу тенисерите како трет е рангиран ланскиот освојувач Енди Мареј. Топ 10-ката ја пополнуваат редоследно, Федерер(4), Вавринка(5), Бердих(6), Ферер(7), Раониќ(8), Изнер(9) и Нишикори(10).

Кај тенисерките ВТА листата пресликана и на Виблдон. Серена Вилијамс го има најмоќното бројче, по неа е На Ли, па потоа следуваат, Халеп, Радванска, Шарапова, Квитова, Јанковиќ, Азаренка, Кербер и Цибулкова.

На британскиот турнир не важат стандардните правила за одредување на поредокот на носителите, кои главно на останатите се темелат на АТП и ВТА поредокот. Во Англиската престолнина успесите на тревнатите терени ја диктираат висината на турнирскиот поредок.

Годинешното издание на најелегантниот во друштвото грен слемови Вимблдон, започнува веќе во понеделник 23 јуни, а последниот меч ќе се одигра на 6 јули.