Скопје

Неколку скопски општини денеска без струја

26.03.2024 09:48

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините неколку скопски општини...

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково.

Од 10 до 15 часот корисниците на дел од улицата „4“ во Сарај, патот кон Љубин, во општина Сарај, ќе немаат струја.