БРИСЕЛ

Европски земјоделеци на протест во Брисел, се противат на бирократијата и конкуренцијата од евтиниот увоз

26.03.2024 11:22

Се очекува разговорите да се фокусираат на последните предлози на Комисијата и состојбата на земјоделскиот пазар, како и на увозот од Украина...

Десетици земјоделци, рано утрово со трактори пристигнаа во европскиот кварт на Брисел каде се одржува Состанок на министрите за земјоделство на ЕУ. Се очекува разговорите да се фокусираат на последните предлози на Комисијата и состојбата на земјоделскиот пазар, како и на увозот од Украина. Европските земјоделци се противат на бирократијата и конкуренцијата од евтиниот увоз и протестираат во изминатите недели низ целиот блок. Претходно овој месец, извршната власт на ЕУ предложи ублажувања на правилата наметнати во земјоделството.

„Тука сме да потсетиме дека за да имаме силна Европа, потребно е силно земјоделство. Нивните земјоделци треба да бидат приоритет“, изјави фармер од Белгија.

„Мораме да се справиме со многу административни задачи и многу еколошки ограничувања. Ние сме за заштита на животната средина, но сепак, земјоделството треба да биде приоритет“, изјави друг фармер од Белгија.