Штип ги руши предрасудите за дијабетисот
Околу 700 до 1.000 пациенти заболени од дијабетис се дел од единствената Група за поддршка во Источна Македонија. На овој начи се намалуваат предрасудите за болеста, присутни кај помладите...

Со група за поддршка, Штип ги руши предрасудите за дијабетисот. Секој четврток, 10-12 пациенти се собираат во Центарот за дијабетис за за низ разговор да ги решат сите здравствени дилеми.
„Тоа не е предавање што е дијабет, туку едена групна консултација, разговор меѓу пациентите и докторот“ , изјави д-р Иван Рунтев, началник на Центар за дијабетис – Штип.
Групата за поддршка е формирана откако контактите покажале дека многу луѓе со дијабет се срамат од болеста.
„Особено помладите се кријат, се срамат. Во званичната евиденција имавме само 14 регистрирани млади дијабетичари, меѓутоа со континуирана работа брјот на евидентирани дијабетичари под 18 години го зголемивме на 50“, појасни Фаик Јамаковски, претседател на Здружение на дијабетичари – Штип.
Криењето на болеста и одбивањето да се разговара отворено за неа е причина за многу грешки и влошување на состојбата. Ова , повеќето дијабетичари го сфатиле, па во групата за поддршка нивнот број постојано расте:
„Тоа што ме интересира тоа прашувам. ева, јадам двапати дневно, а имам 105 килограми. Директно прашувам, добивам директен одговор“, рече Ацо Матраковски, пациент.
„Многу е важно да ја познавате болеста што ја имате и да знаете дека со неа се живее. Со дијабетисот се живее, се работи. Јас бев многу млада кога ја добив болеста, а сега сум пензионерка“, смета Зорица Чавдарова, пациент.
Само во Штип, има 2.800 регистрирани дијабетичари од кои 1.300 се на инсулинска терапија.
На ниво на регион со дијабетис живеат околу 12.000 луѓе, од кои околу 800 се деца помлади од 18 години.
Оливера Жежова
