нови докумнети

Забрзана постапката за добивање патни исправи

26.03.2024 13:36

Чекањето со месеци за фотографирање и за добивање патни исправи е минато. Термин за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...

Чекањето со месеци за фотографирање и за добивање патни исправи е минато. Со оние со кои поразговаравме велат дека постапката е забрзана. Од МВР им се јавуваат да се фотографираат порано од закажаниот термин. Но, останува граѓаните да ги мачи прашањето на кое нема одговор од надлежните: „Зошто мораат двапати да плаќаат важечки патни исправи“?

Термин за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден“, изјави министерот Панче Тошковски.

Според последните податоци на МВР заклучно со 14-ти овој месец бројот на примени барања за фотографирање за пасоши со новото име на државата е 1.204.191.

 

Александра Велинова