Избори 2024

Амбициозни економски ветувања во изборните партиски програми

26.03.2024 14:08

Во изборниот ринг, партиите и коалициите влегуваат со низа ветувања и проекти испишани на стотина страници. Адути со кои ќе го бараат гласот на граѓаните со став за подобра иднина и животен стандард. Колку се амбициозни и реално остварливи проекциите...

Мед и млеко во изборните програми на политичките партии. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се борат за довербата на гласачите преку откривање амбициозни економски агенди, но прашање е колку се навистина остварливи. Според професорот Томе Неновски, очекувано е економијата да доминира во партиските програми, бидејќи граѓаните најмногу ги засега животниот стандард.

Неновски додава и дека дел од ветувањата се тешко остварливи, оти ако се суди според минатото, добар дел од нив останаа само пуста желба.

Економијата и животниот стандард е во фокусот и на двете политички партии во земјава. Прашањето е колку тоа навистина ќе биде остварливо. Ако се суди според изминатиот период, добар дел од изборните активности, за жал, останаа само на хартија.

Професорот Абил Бауш во изјава за МТВ вели дека изборните програми се убави за читање, но и не толку убави за реализација.

Во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ, се ветувања за раст на БДП, намалување на инфлацијата и на даноците, како и фронт против корупцијата и функционални институции. Лидерот на партијата ќе бара и укинување на балансерот, намалување на бројот на пратеници и две нови министерства.

Во изборната програма на СДСМ фокусот е ставен на силна домашна економија, раст на платите и пензиите, 1.100 евра просечна плата, како и 500 евра просечна пензија, но секако и членство во ЕУ до 2030-та.

 

Борис Грујоски