Избори 2024

Се кристализираат коалициите во предизборието

26.03.2024 14:13

Коалициските комбинаторики со поголемите политички партии не донесоа големи изненадување и пред овие избори – коментираат аналитичарите. Засега на политичката сцена и во македонскиот и во албанскиот блок по две големи коалиции...

Се кристализираат коалициите во предизборието. По две големи и во македонскиот и во албанскиот блок, што за аналитичарите воопшто не е изненадување. Помалите под закрила на поголемите си го бараат местото под политичкото сонце. Аналитичарите Селими и Муслиу велат изборниот модел таков каков што е ги создава големите коалиции.

За аналитичарите, но и за граѓаните одамна нема изненадувања во коалицирањето на одредени партии. По ПДП и ДПА пред безмалку две децении сега се случи и ДУИ да коалицира со ДПА иако партијата на Тачи не е фактор на одлучување.

Големите сè уште разговараат со помалите, дури има и одбивања за влез во одредена коалиција. Промоциите на листите се во тек. За постизборно коалицирање е сè уште многу рано.

 

Миле Ристески