Котески на Конференција на стратегиски воени партнри во Софија

18.06.2014 12:56

Во фокусот се НАТО и партнерството, непредвидливите закани и актуелните жаришта кои ја загрозуваат светската безбедност...

Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески,учествува на конференцијата на стратегиски воени партнери во Софија, Бугарија, на која учествуваат началници на генералштабовите од армиите на земјите членки на НАТО, на партнерството за мир, медитеранскиот дијалог и високи претставници на команданта структура на НАТО.

Во фокусот се НАТО и партнерството, непредвидливите закани и актуелните жаришта кои ја загрозуваат светската безбедност, предизвиците кои претстојат и понатамошно доизградување на партнерските основи како во евро-атлантската безбедносна зона, така и пошироко на глобално ниво.

Се дискутира и за зајакнатата улога на НАТО во правец на регионалната соработка и меѓусебната интероперативност во меѓународните операции.