Очекувања на граѓаните од политичарите
Македонците се задоени со политика. Кампањите ги оптоваруваат луѓето велат психолозите. Велат дека ќе излезат на гласање со надеж дека нешто ќе се смени на подобро. Очекуваат подобар живот...

Со наближување на изборите се зголемуваат и партиските ветувања за подобрување во сите сфери. Но колку граѓаните очекуваат овие ветувања да станат реалност?
Граѓаните велат, ќе излезат на гласање со надеж дека испишаното на стотици страни во партиските програми, политичарите што ќе седнат во фотелјите нема да го заборават.
Разочарани од минатото, лажни ветувања и неисполнување на кажаното. Велат дека ќе излезат на гласање со надеж дека нешто ќе се смени на подобро. Очекуваат подобар живот.
Македонците се задоени со политика. Кампањите ги оптоваруваат луѓето велат психолозите. Постојано размислуваат за кого да гласаат или дали оние кои решиле да ги изберат ќе го исполнат ветеното. А и меѓусебно се убедуваат кој е подобар. Се вложува премногу време и енергија а се со надеж дека најверојатно со заокружување на гласачкото ливче ќе може да влијаат на судбината.
Во оние земји каде што стандардот е повисок граѓаните помалку се интересираат за политика, заклучува Јовановска – Стојановска.
Двојните избори засега носат и старо нови ветувања. Граѓаните очекуваат посилна економија, квалитетно образование, повисоки плати и пензии, подобар животен стандард.
Ана Јосифовска Тодоровска
