Влада

Свечена седница во Владата - четири години членство во НАТО

26.03.2024 14:55

Во Владата свечена седница. Четири години од членството на земјава во НАТО, 75 години од формирањето на алијансата. Со седницата претседава техничкиот премиер Џафери. Колку што на самиот почеток можеше да се долови, главната поента е дека како членка на НАТО живееме во стабилност и во оваа насока сме фактор во Западен Балкан...

Македонија е вреднувана членка и кредибилен партнер на Алијансата. Не само што живееме во стабилност и извесност, туку станавме фактор на стабилноста на Западен Балкан, рече премиерот Џафери. Ги слушаме и гледаме ужасите низ светот, но без страв за нас оти знаеме дека Алијансата е најсилната безбедносна гаранција, рече Џафери на свеченоста.

Членството во НАТО дојде во вистинскиот момент, пред почетокот на руската агресија врз Украина, оцени шефот на дипломатијата. Министерката Петровска пак, најави засилена помош за украинскиот народ.

Земјава стана 30. Земја-членка на Алијансата на 27 март 2020 година, 27 години откако Собранието во 1993-та едногласно усвои резолуција, во која се дефинираат надворешно-политичките приоритети – членство во НАТО и во Европската унија.

 

Викторија Милевска