Власта и опозицијата со различна оценка за успешноста на Законодавниот дом
Привршува мандатот на актуелниот пратенички состав. Една третина од седниците се незавршени. Пратениците различно гледаат на успешноста на Собранието. Власта се жали дека опозицијата во комисиите блокирала стотици закони, ВМРО-ДПМНЕ смета дека поради тесното мнозинство се правеле непринципиелни договори, се менувале страни и дресови...

Над една третина од пленарните собраниски седници се завршени. Причините различни, а власта и опозицијата на нив гледаат со различна диоптрија. И покрај сите предизвици, мнозинството смета дека мандатот бил успешен. Опозицијата критикува дека често се кршеле процедурите и се силувала демократијата. Од ДУИ сметаат дека поради активната блокада на опозицијата не можело да се донесат над стотина закони од суштински интерес за граѓаните, а кои останале заглавени во комисиите.
Четири години фрлени во вода – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, тенкото мнозинство било причина, власта да прави непринципиелни отстапки и договори на дневна основа за функционирање.
Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи на 28-ми март.
Игор Панов
