Партии

Течат роковите за изборните дејствија, во процес комбинаторики за коалиции и блокови

26.03.2024 15:48

ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе ја објави коалицијата за парламентарните избори. Лидерите на партиите ќе стават потпис на договорот. Меѓу нив ќе има и доскорешни партнери на СДСМ. Но, и покрај ова, социјалдемократите се уверени во добар резултат...

До крајот на неделава ВМРО-ДПМНЕ ќе ја објави коалицијата со која заедно ќе настапи на парламентарните избори. Потпретседателот на партијата Николоски обзнани дека освен досега декларираните партии кои излегоа од владината коалиција, во најава се и други, но има и такви за кои нивната партија оценила дека не споделуваат исти вредности.

Очекуваме самостојно да освоиме 61 пратеник, а за владина коалиција ќе разговараме по изборите, вели Николовски, кој во четвртата изборна единица ќе се соочи со ексминистерот за здравство Филипче – вели дека нема лидерски амбиции, но убеден е во победа на Социјалдемократскиот сојуз. Според него, ако загубат, раководството и првиот човек на партијата ќе решаваат лично за евентуални оставки, а отчет ќе треба да дадат и пред партиските органи.

Во меѓувреме, СДСМ и движењето Нова Република на Ивон Величковски објавија дека ќе соработуваат за обезбедување европска иднина за граѓаните и зајакнување на владеењето на правото.

 

Марина Стојанова-Тонева