Лондон

Високиот суд во Лондон пресуди дека Асанж може да поднесе жалба на екстрадицијата

26.03.2024 16:54

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж сè уште не може да биде екстрадиран во САД. Високиот суд во Лондон реши да му даде право на Асанж повторно да се жали на одлуката за екстрадиција...

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж сè уште не може да биде екстрадиран во САД. Високиот суд во Лондон реши да му даде право на Асанж повторно да се жали на одлуката за екстрадиција, освен ако американските власти не обезбедат дополнителни гаранции за она што ќе биде со него откако ќе го екстрадираат.

Вашингтон го бара 52-годишниот Австралиец по обвинение за објавување доверливи документи пред речиси 15 години. Поддржувачите на Асанж и натаму тврдат дека станува збор за политички мотивиран случај.

„Денешната одлука е запрепастувачка. Судовите признаваат дека Џулијан е изложен на негирање на неговите права за слобода на изразување, дека е дискриминиран врз основа на неговата националност и дека останува изложен на смртна казна. Џулијан е политички затвореник. Тој е новинар и го прогонуваат затоа што ја разоткри вистинската цена на војната. Сега, судот во Обединетото Кралство ги поканија Соединетите Американски Држави да издадат гаранции, срам за секоја демократија“, изјави Стела Асанж, сопруга на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.