Конечна пресуда за „Монструм“ на 30-ти јуни
Родителите изненадени од одлагањето на пресудата и од тоа што сеуште не се екстрадирани првоосомничените...

Причината за одлагањето на пресудата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро е поради тоа што главниот судија којшто требаше да ја соошти пресудата поради здравствени причини не беше присутен во судницата. Како што информираше судијката, тој бил болен од сезонски грип со висока температура. Сепак, пресудата ќе биде соопштена на 30-ти овој месец.
Пред 15-тина дена во завршните зборови обвинителството побара најстрога казна за обвинетите за грозоморното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро. Одбраната, пак, тврдеше дека нема докази за нивна инволвираност во случајот.
„Монструм“ влезе во судницата на 20-ти декември 2012-та година, а на обвинителната клупа тогаш седнаа тројца од обвинетите Сејди Рами, Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ, додека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се недостапни за македонските органи.
Издржуваат казна затвор во Косово за недозволена трговија со оружје. Македонските правосудни органи побараа нивна екстрадиција. Седуммина се обвинети дека го организирале, давале логистичка поддршка, а тројца од нив директно го извршиле петкратното убиството на 12-ти април 2012 година кај Смилковско Езеро.
Родителите изненадени од одлагањето на пресудата и од тоа што сеуште не се екстрадирани првоосомничените, инаку директни извршители на петкратното убиство кај Смилковското езеро.
