Поголема безбедност на медиумските работници
Новите одредби од Кривичниот закон треба да ја подобрат безбедноста на медиумските работници. Нападот врз нив се казнува како напад врз службено лице...

По физичкиот и вербален напад при вршењето на нашите работни задачи, добивавме предупредувачки телефонски повици да се откажеме од понатамошно процесирање, бидејќи станувало збор за моќен човек. Тој на крајот беше осуден, на една година условна затворска казна – раскажува новинарката Ева Ѓакова за инцидентот во Старата скопска чаршија.
Сведоци сме на загрижувачки тренд на напади, заплашување и насилство насочени кон оние што се стремат да ја откријат вистината и да бараат одговорност, велат од Здружението на новинари на Македонија.
Министерството за внатрешни работи има нулта толеранција и секој напад врз новинар ќе биде казнет.
Со новите одредби на Кривичниот законик нападот врз новинар сега е изедначен со напад врз службено лице.
На средбата во здружението на новинарите стана збор и за неоснованите тужби и незаконскиот надзор, а особено во време на изборна кампања.
Марија Котовска
