Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
27.03.2024 07:59
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
