Централна свеченост по повод четири години членство во НАТО
На централната свеченост ќе се обратат првиот заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски...

Денеска на платото пред Министерството за одбрана ќе се одржи централна свеченост по повод 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот.
На централната свеченост ќе се обратат првиот заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски.
Во рамки на свеченоста армиската Гарда ќе ја изведе показната точка „Егзерцир“, а промовирани ќе бидат и две поштенски марки изработени по повод 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.
