Балтимор

Заврши потрагата по преживеани во Балтимор

27.03.2024 08:21

Се претпоставува дека товарниот брод изгубил струја непосредно пред да излезе од курсот и да удри во мостот, бидејќи како што претходно соопшти гувернерот на Мериленд, неколку минути пред несреќата добиле повик за помош од екипажот...

Властите во Балтимор ја прекинаа потрагата по шестемина работници за кои се претпоставува дека се мртви откако се урна мостот на којшто изведувале градежни работи. Се претпоставува дека товарниот брод изгубил струја непосредно пред да излезе од курсот и да удри во мостот, бидејќи како што претходно соопшти гувернерот на Мериленд, неколку минути пред несреќата добиле повик за помош од екипажот. Властите покренаа истрага.

Претседателот Бајден најави поправка на мостот со федерални пари.

„Врз основа на должината на времето што го поминавме во оваа потрага, обемните напори за пребарување и температурата на водата, не веруваме дека ќе пронајдеме некој од овие лица сè уште живи. Затоа ги прекинуваме сите активните напори за пребарување и спасување“, изјави Шенон Гилрет, командант на американската крајбрежна стража.