Израел тврди дека убил двајца високи команданти
Додека дипломатскиот спор меѓу Израел и САД ја комплицира ситуацијата во газа, израелскиот министер за одбрана во Пенатгон се обидуваше да ги намали тензиите откако Нетанјаху најави дека нема да испрати висока делегација на разговори во Вашингтон...

Тел Авив тврди дека во израелски напад се убиени двајца високи команданти на Хамас кои помагале во планирањето на нападот на 7 октомври. Воената операција во болницата „Ал Шифа“ продолжува.
„Според разузнавачките информации, Марван Иса бил убиен во напад што го извршивме пред околу две недели, заедно со Рази Абу Тамаа. Марван Иса, човекот број три во Хамас, е еден од планерите на масакрот на 7 октомври. Во Појасот Газа, продолжуваме со целната операција во болницата „Ал Шифа“. Досега уапсивме над 500 терористи на Хамас и исламски џихад“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.
Израелскиот министер за одбрана во Пентагон во обид да ги намали тензиите откако Нетанјаху најави дека нема да испрати висока делегација на разговори во Вашингтон за алтернативите во Рафах. Во истовреме, од Стејт департментот го осудија неодамнешното одбивање на Хамас на резолуцијата од Советот за безбедност за итен прекин на непријателствата.
„Отсекогаш верувавме дека прекин на огнот и ослободување на заложниците се нешто што ќе се постигне преку преговори, меѓу Израел и Хамас, овозможено од трети земји во кои учествуваат и САД, а не преку процес на ОН“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
