Русија
Заврши потрагата по тела во руската концертна сала
27.03.2024 08:49
Русија упорно тврдеше дека Украина и Западот стојат зад нападот, и покрај жестокото негирање за вмешаност од Киев и преземањето на одговорност од исламска држава...

Заврши потрагата по тела во руската концертна сала каде што беа убиени над 130 луѓе-соопштија властите.
„Сите напори за спасување и пребарување се завршени. Можам да констатирам дека нема повеќе тела под урнатините“, изјави Сергеј Полетикин, шеф за вонредни ситуации во Москва.
Русија упорно тврдеше дека Украина и Западот стојат зад нападот, и покрај жестокото негирање за вмешаност од Киев и преземањето на одговорност од исламска држава. Тврдењата на Путин ги поткопа и белорускиот претседател Лукашенко кој изјави дека напаѓачите првично имале намера да влезат во Белорусија.
