Излета автобус на автопатот Скопје – Тетово
18.06.2014 14:09
Автобусот со гостиварски регистерски таблички го управувал 53 годишен гостиварец кој загубил контрола врз возилото...

Автобус кој се движел на релација Скопје - Тетово излетал од коловозот и удрил во земјениот насип. Настанот се случил утрово околу 7 часот и 30 минути на автопатот Скопје - Тетово во близина на наплатната рампа Желино.
Автобусот со гостиварски регистерски таблички го управувал 53 годишен гостиварец кој загубил контрола врз возилото.
Од излетувањето возачот и пет патници, тројца од Тетово и двајца од Скопје, задобиле повреди и пренесени се во тетовската Клиничка болница каде им е укажана потребната лекарска помош. Патниците набрзо се пуштени дома, а возачот задржан е за обсервација.
Екипа на СВР Тетово извршила увид и се расветлуваат причините и другите поединости во врска со несреќата.
Зоран Јованоски
