Седница на Комисијата за економски прашања
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.
Како што стои во образложението на собраниската веб-страна, донесувањето на Предлог на Законот за трговските друштва, има за цел да се регулираат две, мошне
значајни области, за деловните субјекти во Република Северна Македонија, а тоа се:
принудното купување и продавање акции, или т.н. „истискување“ и холдингот, односно концернот, како форми на поврзување на друштвата
Целта на Предлог законот е регулирање на принудното купување и продавање акции или т.н. „истискување“ во Законот за трговските друштва, како мошне значајно прашање за малцинските акционери и за доминантниот акционер кој поседува над 95 проценти од акциите со право на глас, низ воспоставување точно и прецизно пропишана законска процедура како да го остварат „истискувањето“ т.е. своето право на принуден откуп, односно право на продажбата на акциите.
