Театар

27 март – Светски ден на театарот

27.03.2024 09:30

Во Драмски театар Скопје одбележувањето на овој ден започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта кои ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот ...

Со бесплатни претстави во Македонски народен театар и Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март – Светски ден на театарот.

По тој повод, Македонскиот народен театар организира две бесплатни претстави. Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20 часот. Како што информираат од МНТ, гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Во Драмски театар Скопје одбележувањето на овој ден започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта кои ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот.

Во Драмски влезот ќе биде слободен за изведбите на претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ вечер од 20 часот и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски на 4 април. Резервација и подигнување на бесплатните билети за овие две претстави ќе се реализира преку билетарницата на Драмски театар Скопје.