Министрите за европски прашања од ПСЈИЕ на состанок во Скопје
Секретаријатот за европски прашања во Скопје ќе се одржи состанок на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на процесот за соработка на југоисточна Европа. Годинава Македонија претседава со оваа регионална организација ...

Во организација на Секретаријатот за европски прашања во Скопје ќе се одржи состанок на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на процесот за соработка на југоисточна Европа. Годинава Македонија претседава со оваа регионална организација.
Мотото на претседателството е „премостување поделби-градење доверба“, со вклучување на приоритетите за помирувањето, регионалната соработка и забрзување на евроатлантските интеграции. Процесот за соработка е основан во 1996 година и е најсеопфатен формат во регионот, со оглед дека ги вклучува сите 13 држави од југоисточна Европа.
