Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ
Се трага по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое вчера попладне исчезнало во околината на градот Бор во Србија. Потрагата продолжува и денеска. На терен се полицајци ...

Повеќе од 18 часа се трага по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое вчера попладне исчезнало во околината на градот Бор во Србија. Потрагата продолжува и денеска. На терен се полицајци, пожарникари спасувачи, припадници на планинарската спасувачка служба, припадници на жандармеријата. Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, ловџии и многубројни граѓани, а се користат и хеликоптери и дронови со камери.
Полицијата оди од зграда до зграда за да најде некаква трага која ќе помогне во потрагата по исчезнатата Данка, а проверени се и сите напуштени објекти во приградската населба Бањско Поле во околината на Бор.
На приодот кон Бањско Поле има пунктови каде што полицијата врши увид на возила, а како што јавуваат српските медиуми, се истражуваат и сите лица од безбедносен интерес кои претходно биле во судир со законот.
Потрагата по девојчето е делумно отежната поради дождот кој од вчера врне речиси непрекинато, но и од ниските температури кои сношти се спуштиле на 6 Целзиусови степени, колку што е и сега, јавува српски медиум.
Фото:/ PTC
