Центар без парно
Поради дефект на топлинската мрежа...

Поради дефект на топлинската мрежа граганите на општина центар дел од улицата “50 Дивизија“ и “Железничка“,и станарите од населбата Капиштец останаа без парно на температури под нулата. Студените радијатори ке потраат уште неколку часа велат од Балкан Енерџи Груп,кои потврдуваат дека се работи на терен и дефектот ке биде целосно отстранет.Станува збор за пукната цевка на улицата “Железничка“ што се санира во моментов. На топли радијатори жителите на овој дел од Скопје може да се надеваат дури во вечерните часови.Граѓаните од улиците се жалат дека немало никаква најава за исклучување на парното, поради што не успеале да најдат алтернативен начин за греење при вакви ниски температури .
Дијана Ценевска
