Унгарија

Протести во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан

27.03.2024 11:51

Илјадници демонстранти во Будимпешта на протести против премиерот Виктор Орбан по објавената аудиоснимка во која највисоките функционери ...

Илјадници демонстранти во Будимпешта на протести против премиерот Виктор Орбан по објавената аудиоснимка во која највисоките функционери, наводно, заговарале да ја прикријат корупцијата и скандалот дека претседателот помилувал човек за сексуална злоупотреба на деца во државен дом за сираци.

„Ова не е политички протест. Ова е демонстрација на еден народ, кој вели доволно беше. за само неколку недели нашата земја западна во најголемата политичка, морална и правна криза во последните години“, изјави Петер Маѓар - поранешен инсајдер на унгарската влада.