ДИК извршија избор на претседатели, заменици и членови на општински изборни комисии, по случаен избор
Членовите на Државната изборна комисија извршија избор на претседатели, заменици и членови на општински изборни комисии, по случаен избор. Се пополнуваат местата на оние кои претходно беа изземени, по барање на Министерството за финансии ...

Течат роковите на ДИК за изборните активности за претседателските и парламентарните избори. На дневен ред расправа за изземање на лица во општинските изборни комисии. Некои се изземаат поради здравствени проблеми некои на барање на институциите бидејќи се доведува во прашање нивното функционирање.
Комисијата ги прифати барањата и изврши избор на други лица. Прифатени беа и барањата за акредитацијата на набљудувачи од ИФЕС и ОБСЕ. Меѓу точките предлог упатството за начинот и постапката за чување, обработка и бришење на податоците од отпечатоци од прсти од електронскиот избирачки список и други. ДИК го заклучува најдоцна до 02 април избирачкиот список за претседателските избори. Го потпишува до 8 април.
„Кампањата за претседател на државата почнува на 4 април и за првиот круг завршува на 22 април. На 18 април, пак, почнува кампањата за пратеници и завршува на 6 мај како и за вториот круг претседателски избори“, стои во соопштението од ДИК
Избирачкиот список за парламентарните избори, пак, ДИК го заклучува на 02 април, а го потпишува, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, односно на 22 април.
Фиљана Кока
