Саем за вработување

Техничкиот факултет во Битола по втор пат ги собра студените и менаџерите

27.03.2024 12:58

Во услови кога земјата е соочена со потребите од увоз на работна сила и одлив на мозоци, стопанствениците од југозападниот регион и Битолскиот универзитет, во заедничка мисија да ги препознаат напредните студенти, а овие пак својата егзистенција и професионален развој да го продолжат дома…

Без квалитет и едуциран кадар компаниите не можат долгорочно да сметаат на иновативен и економски развој. Потребата од заедничко препознавање по втор пат на Техничкиот факултет ги собра студените и менаџерите. Првите со можност да ги презентираат своите афинитети и можности, а вторите да посегнат да го добијат како кадар она што им е најпотребно и квалитетно.

Од УКЛО велат, соработката помеѓу стопанството и високо научната мисла е докажан европски тренд. Тоа што Битолскиот универзитет од почетокот на годината е дел од еминентната Европска алијанса, во која членуваат девет универзитети, е уште еден чекор напред дека можат да се учат и применуваат европски практики

Дека потребата од квалитетен кадар веќе станува насушна потреба, покажаа и големиот број на штандови од страна на бизнисмените.

 

Александра Максимовска