Состанок
Министрите за европски прашања од ПСЈИЕ во Скопје
27.03.2024 13:25
Македонија е домаќин на состанокот на министри за европски прашања на земјите учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа...

Македонија е домаќин на состанокот на министри за европски прашања на земјите учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Нашата земја го презеде претседавањето со иницијативата од Црна Гора во јули, минатата година. Во оваа регионална организација се вклучени сите 13 држави од Југоисточна Европа. Од Скопје, каде се одржува главниот настан известува Викторија Милевска.
