Фудбал

Моќната Холандија и „отпишаната“ Австралија

18.06.2014 14:16

Холандија, одново истрчува!Од  височините достигнати против Шпанија, со сигурност и самодоверба, „Орање“ слетува во Порто Алегре за да биде првото друштво со обезбеден пат за нокаут фазата. Во сосема поинакво расположение Австралија  се соочува со главниот досегашен мундијалски хит.

Холандија, одново истрчува!Од  височините достигнати против Шпанија, со сигурност и самодоверба, „Орање“ слетува во Порто Алегре за да биде првото друштво со обезбеден пат за нокаут фазата. Во сосема поинакво расположение Австралија  се соочува со главниот досегашен мундијалски хит. Свесни се „Сокеросите“ за тежината на моментот.Го носат тешкиот товар од поразот против Чиле со 3:1 во премиерниот настап, знаат дека е голема веројатноста на „Беира-Рио“ стадионот да се збогуваат и со теоретските шанси за каков и да било продолжен претстој на светското првенство.

Австралија и Холандија никогаш досега не одиграле меѓусебе на најголемиот фудбалски фестивал, но за соодносот на силите и за проценките за шансите за успех изгледа дека е илузорно да се зборува. Се оди во прилог на Холандија! Има одличен состав. Фан Перси, Робен и Снајдер се „триото-фантастико“, кое ја движи холандската фудбалска машинерија. Авторитетот и искуството на селекторот Луј Фан Гал е дополнителната, многу  силна компонента. И традицијата е на страната на Холанѓаните: уште од далечната 1994 година се непоразени во мечевите од групната фаза. Последните среќници кои ги совладаа беа нивните соседи, Белгијците. Сензационална победа е во мислите на Австралијците. Никој не смее да и ги ускрати желбите и мечтите на селекцијата, најниско рангирана меѓу сите учесници на Мундијалот, но која секогаш без комплекси влегува во битка и со најмоќните. Навистина, тешко и оди против европските тимови! Има само две победи на 11 мечеви, последната над Србија со 2:1 на првенството во 2010-та! Објективно, ја нема играчката сила од претходните два шампионати! Доплнителната главоболка е повредата на Фрањиќ против Чиле и дилемата, во негово отсуство кој да биде задолжен за разиграниот Робен?

Големи се маките австралиски! А, насмевките на лицата лицата на холандските фудбалери не се симнува уште од петокот, кога ја фрлија на колена Шпанија, а веројатно и поради присуството на сопругите и девојките на играчите во подготвителниот камп.„Ако се среќни фудбалерите и јас сум среќен“!-вели нивниот тренер Луј Фан Гал.