кабинет

Пендаровски ги прими учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

27.03.2024 13:56

За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во коишто ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија.

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). 

За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во коишто ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија.
 
Соговорниците го информираа претседателот и за начинот на реализирање на програмата којашто се одвива во трите држави и опфаќа 5 различни теми: регионална соработка, младинско учество, одлив на мозоци и образование, младинска невработеност и младинска акција кон двојната транзиција: дигитална и зелена.