Македонија
Стан во Скопје поскап отколку на море
27.03.2024 14:15
Се зголемува интересот кај граѓани за купување недвижнини во соседството, покрај море. Граѓани инвестираат и во планинските градови...

Се зголемува интересот кај нашите граѓани за купување недвижнини во соседството, покрај море. Ако стан во Скопје се продава од 1.200 до 2.200 евра по метар квадратен, на Халкидики во Грција може да се купи и за 1.200 до 1.500 евра по метар квадратен – велат од агенциите за недвижнини.
Се поатрактивно станува и крајбрежјето на Албанија.
Нашите граѓани инвестираат и во планинските градови. Најмногу во Банско, каде што пред пандемијата метар квадратен чинел 400 евра, а сега е над 1.000, објаснува Кајтази.
Александра Велинова
