Тетово

Револтирани граѓани пред ЈКП Тетово поради високи сметки за вода и комуналии

27.03.2024 14:35

Тетовци револтирани откако словенечката компанија започна да им фактурира комунални сметки за гаражи, подруми и штали. Од компанијата Заубермахер, велат дека ценовниците за услугите се усвоен и донесени од Општина Тетово која им ги предала и катастарските податоци за клинетите. Од локалната самоуправа пак како најавија средба со претставници на компанијата, со цел надминување на проблемот …

Револтирани граѓани пред ЈКП Тетово, откако словенечката компанија Заубермахер им фактурираше комунални сметки како што велат за објекти кои ниту се приклучени на водоводниот систем, ниту пак создаваат смет.

Жителка на Тетово, се жали дека треба да плати комунална сметка за гаражи кои се во сопственост на станарите од нејзината населба. На друг пак му пристигнала сметка за штала.

Со комуналните сметки се направи тотален хаос, но исто така се повисоки и за двојно и тројно, се жалат тетовци.

Од Компанијата Заубермахер која го презеде менаџирањето со сметот во Тетово и наплатата на комуналните сметки, засега без одговор

Неодамна од Општина Тетово пак информираа дека ќе формираат посебна комисија која ќе го испита секој случај и ќе најдат соодветно решение.

Деновиве пак се очекува градоначалникот Билал Касами да оствари средба со претставници на словенечката компанија.

 

Зоран Димовски