Министерство за одбрана

Централна свеченост по повод четири години членство во Нато

27.03.2024 14:36

Четири години од членството на земјава во НАТО, 75 години од формирањето на Алијансата. Одбележан е и денот на Генералштабот, 28 Март ...

Пред 4 години Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО. Јасно, избравме интеграција во НАТО не како закана за други, туку заради зачувување на мирот, истакна министерката Петровска на централната церемонија во Министерството за одбрана.

Пред точно 32 години формиран е Генералштабот на македонската армија, кој ги создаде вооружените сили и ги презеде сите трансформации за приближување кон НАТО.

Евроатланската интеграција е најдобрата алатка за спречување конфликти и злонамерно мешање на трети земји, оцени шефот на дипломатијата Османи, на традиционална тркалезна маса со дипломатите.

Нато е семејство на 32 земји членки со речиси милијарда жители.

 

Ирина Гелевска