Во Белград: Средба Николиќ - Братушек
Конференцијата најверојатно ќе се одржи на 16 јули. Николиќ се заблагодари за ангажманот на Словенија да организира конференција за помош на Србија и на Босна и Херцеговина...

Српскиот претседател Томислав Николиќ на средбата во Белград со словенечката премиерка во оставка Аленка Братушек доби уверување дека Словенија во соработка со Франција и Европската унија ќе учествува во подготовката за донаторската конференција за помош на настраданите во поплавите во регионот.
Конференцијата најверојатно ќе се одржи на 16 јули. Николиќ се заблагодари за ангажманот на Словенија да организира конференција за помош на Србија и на Босна и Херцеговина.
Претходно, Братушек и српскиот премиер Александар Вучиќ потпишаа писмо за намери меѓу двете влади во областа за заштита од природни и други катастрофи. Братушек и Вучиќ вчера разговараа и за иднината на Јужен поток.
Вучиќ наведе дека Србија не се откажала од Јужен поток и дека проектот не зависи од неа.
