Македонија

Црната листа на САД и наводите за корупција на одредени политичари под лупа на ОЈО

27.03.2024 16:31

Црната листа на САД и наводите за корупција на одредени политичари се надзор и на Обвинителство. Оваа институција иако не открива каде се бара кривично дело и од кој орган се прибираат информации, сепак потврдуваат дека се преземаат одредени активности...

Лицата кои САД ги ставија на црната листа се под лупа и на домашното обвинителство. Активности се преземаат, вели републичкиот обвинител Коцевски, но не открива какви и кон кого. Оттаму велат постапка се отвора секогаш кога има обезбедено докази.

Коцевски вели дека немаат сознанија дека овие лица се вклучени во изборите во поглед на некои незаконитости и додава дека ако комисијата задолжена за ловење изборни нерегуларности детектира законски прекршувања истите ќе ги процесуира.

Власта иницираше Закон за рестриктивни мерки, за кој се поизвесно е дека овој парламентарен состав нема да дискутира. Различни ставови за него од правната фела. Дел од нив, вклучувајќи го и првиот обвинител, се на мислење дека и со постоечките законски решенија може да се отвори предмет, доколку има докази. Неодамна американскиот Стејт департмент на црната листа ги стави кандидатот за претседател Јакимовски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

 

Наташа Гркова-Петрушевска