Министрите за европски прашања од ПСЈИЕ на состанок во Скопје
Македонија е домаќин на Состанокот на министри за европски прашања на земјите учеснички на процесот за соработка на Југоисточна Европа. Нашата земја го презеде претседавањето со иницијативата од Црна Гора во јули, минатата година. Во оваа регионална организација се вклучени сите 13 држави од југоисточна Европа...

Вицепремиерот Маричиќ очекува Македонија во јуни да ја добие првата транша од Планот за раст на Европската комисија тешка 60 милиони евра. И покрај пролонгирањето на роковите, ветената помош во земјите од Западен Балкан ќе стигне пред стартот на европските избори. Наредниот вторник Владата ќе го усвои реформскиот план и ќе го испрати до Европската комисија.
Нашата одлучност е неприкосновена и нема да се откажеме од европската иднина. Обединетоста на регионот ќе значи забрзана интеграција на земјите кандидатки на патот кон ЕУ – заклучок од состанокот на министрите за европски прашања кои се дел од процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа. Маричиќ со колегите од 12 земји кои се дел од иницијативата потпишаа заедничка изјава со која се обврзаа да ја забрзаат регионалната и економската соработка, надминување на поделбите, борба со корупцијата.
Викторија Милевска
