Британската Влада призна дека „легално ја надгледувала“ интернет комуникацијата
18.06.2014 14:36
Пролабуристичкиот „Гардијан“ пишува дека интерпретацијата на правото, што ја даваат Фар иразузнавачките агенции им овозможува на безнедносните служби масовно да го контролираат животот на луѓето и нивната приватност...

Високиот функционер за безбедност Чарлс Фар откри дека била следена комуникацијата од или до небританските државјани на Фејсбук и Твитер, електронската пошта и пребарувањето преку Гугл и Јутјуб и дека станува збор за „легална операција“ заради безбедносни цели.
Пролабуристичкиот „Гардијан“ пишува дека интерпретацијата на правото, што ја даваат Фар иразузнавачките агенции им овозможува на безнедносните служби масовно да го контролираат животот на луѓето и нивната приватност, правејќи преседан и во правната практика. Весникот посочува дека за да влезе полицијата во домот на луѓето, е потребен судски налог, а тој треба да постои и при полициското сослушување, но се покажа дека налогна судот или на некој друг правосуден орган не е потребен за да безбедносните властислободно влегуваат во интернетот и да ја гледаат и читаат нивната комуникација.
„Дејли Мирор“ забележува дека признанието на Чарлс Фар само го потврдува сомневањето на многу активисти на камапањата за заштита на приватноста, за тоа дека луѓето не се сами кога трагаат по Гугл и пишуваат на интернет. Овој весник, не го прифаќа оправдувањето за „легалноста“ што е дадена, како и објаснувањето за високите цели за кои сето ова се прави. Комуникациски експерти во „Тајмс“ сметаат дека „законски дозволеното“ душкање по интернет ја опфаќа не само комуникацијата на „небританците“ кон странство, туку и на сите други, затоа што Гугл и социјалните мрежи се силно развиени и многу раширени низ САД и Европа.
Соња Стојановска
