Србија

Во потрагата по двегодишното девојче од Србија се вклучија и форензичари

27.03.2024 18:24

Регионот на нозе.Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред повеќе од 24 часа во местото Бањско Поље, денеска е дополнително проширена...

Регионот на нозе.Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред повеќе од 24 часа во местото Бањско Поље, денеска е дополнително проширена.

Се придружија и форензичари и припадници на белградската криминалистичка полиција.

На терен се и припадници на полицијата, пожарникари и припадници на Планинарската спасувачка служба, а им помагаат и организирани групи мештани.Во Србија синоќа е активиран системот „НАЈДИ МЕ“.