19-годишник ги уби своите родители и братот во Германија, а сестрата тешко ја рани
Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко ја ранил својата сестра во Хоентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг...

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко ја ранил својата сестра во Хоентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг.
19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.
Инцидентот се случил вчера вечерта, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полицијата, во куќата во која се случил масакрот живеело цело семејство. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот сè уште е нејасен.
