МЗШВ

Николовски во посета на земјоделците од Чешиново – Облешево

28.03.2024 07:54

Во рамки на активностите министерот Николовски ќе ја посети компанијата Екстра Фунги, успешен ИПАРД корисник, каде по завршувањето на посетата се предвидени изјави за медиумите...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе оствари посета на земјоделците од општина Чешиново-Облешево.

Во рамки на активностите министерот Николовски ќе ја посети компанијата Екстра Фунги, успешен ИПАРД корисник, каде по завршувањето на посетата се предвидени изјави за медиумите.

Потоа министерот Николовски ќе оствари средби со повеќе земјоделци, добитници на грант поддршка за мали производители на храна и добитници на земјоделска механизација.