Мали ниви, мали производители
Многу земјоделски стопанства во Македонија се со мали површини за обработка. Ова е проблем за производството и профитабилноста на македонскиот аграр. Откупувачите и трговците сè повеќе заинтересирани да се пазарат и да купуваат големи количества на храна и земјоделски производи кои земјоделците не можат секогаш да ги понудат …

Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и за намалување на трошоците. Ситните производители мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, советуваат експертите.
Обработливите површини се во просек од 1,4 хектари, често расцепкани, оддалечени од патната инфраструктура и со големи трошоци.
Преработувачите, наместо од индивидуалните повеќе купуваат од поголемите производители, а недоверба меѓу фармерите и конзервната индустрија, го намалува договореното производство и ги прави ниски откупните цени. Искуството покажува дека здружувањето во задругите е решение кое дава реални ефекти а земјоделците ги прави поголеми играчи на пазарот.
Државата неколку години го помага овој процес и тоа со субвенции за основање на задруги во тековната година и одржување на работата на веќе постоечките, за инвестиции, помош за организирање на информативни и промотивни активности, подобрување на резултати од работењето на преработувачките капацитети како и развој на нови производи и дизај.
Методија Трајков
