мвр

Две лица се приведени за убиството на лекарот

28.03.2024 08:13

Обвинителството и МВР презеле 20-тина истражни дејствија, прегледани биле над 50 камери...

Две лица се приведени за кои постои сомнеж дека се вмешани во убиството на 67 годишниот лекар, соопшти министерот Тошковски. Обвинителството и МВР презеле 20-тина истражни дејствија, прегледани биле над 50 камери. Било утврдено дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата што ја обавувал убиениот лекар.

Биле извршени и претреси. Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден на паркинг пред поликлиниката Железара во четвртокот. Неговата смрт ја констатирала итната помош.