Собрание

Денес последна пленарна седница на овој парламентарен состав

28.03.2024 08:34

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи денес...

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи денес.

На дневен ред на оваа пленарна седница закажана за во 11 часот се пет точки – дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, дополнетиот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, дополнет Предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „СвКлимент охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска.