СРБИЈА

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ проширена вон регионот

28.03.2024 08:38

Регионот на нозе. Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред повеќе од 24 часа во местото Бањско поље, денеска е дополнително проширена...

Трет ден од потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, којашто исчезна од Бањско Поље. Потрагата е проширена вон регионот каде што за последен пат беше видена.

Се придружија и форензичари и припадници на белградската криминалистичка полиција. На терен се и припадници на полицијата, пожарникари и припадници на Планинарската спасувачка служба, а им помагаат и организирани групи мештани.

Властите велат дека можни се пропусти во самиот старт на истрагата.