САД: Воена операција во Рафах од целосен размер би била грешка
САД ја признаваат потребата на Израел да се бори против Хамас, но не мислат дека копнената офанзива во Рафах е добра идеја...

САД ја признаваат потребата на Израел да се бори против Хамас, но не мислат дека копнената офанзива во Рафах е добра идеја. Официјални лица потврдуваат дека разговорите одново почнале со цел да се доведат највисоките израелски претставници во Вашингтон, за да дискутираат за потенцијалните воени операции во Газа.
„Воена операција во Рафах од целосен размер би била грешка. И тоа не е нешто што можеме да го поддржиме. Она што сметаме дека е опција е ограничена кампања која сепак може да ги постигне истите цели, кои би довеле до пораз на преостанатите баталјони на Хамас во Рафах, без огромна штета на цивилното население, без попречување на испораката на хуманитарна помош и всушност без да ја ослабне безбедноста на Израел“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
Израелскиот премиер Нетанјаху одговори дека нема да дозволи потклекнување под меѓународен притисок.
