И канцеларијата на претседателот Иванов бара волонтери

18.06.2014 14:42

Со цел приближување на работата на Претседателот на Република Македонија до младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија овозможува волонтирање на заинтересираните, во Народната канцеларија во Скопје, се вели во објавениот оглас.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

• писмо за интерес;

• кратка биографија;

• доказ за завршено образование.

Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 25.06.2014 , на адреса:

Кабинет на Претседателот на Република Македонија

(Комисија за „Народни канцеларии“)

„Вила Водно“

Ул. Ацо Караманов Бр.33A

1000 Скопје, Република Македонија.