САД

Четири лица се убиени во напад со нож во Илиноис

28.03.2024 08:46

Полицијата соопшти дека дел од жртвите биле нападнати со нож...

Четири лица се убиени, а пет повредени во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен. Полицијата соопшти дека дел од жртвите биле нападнати со нож.

„Во градот Рокфорд имаме четири лица кои се починати. Едно лице е во критична состојба во моментов, и дополнителни четири кои се во стабилна состојба“, изјави началник Карла Ред од полицискиот оддел во Рокфорд.

Властите велат дека засега немаат информации за причината за нападот.